📖 Како да нарачате на alarmplus.mk
Едноставен водич што ќе ве води од прелистување па се до прeвземање на вашата нарачка дома..
Чекор 1
Креирајте профил
Одете на „Мој профил"
Кликнете на иконата Мој профил горе десно на страницата.
Внесете е-пошта и регистрирајте се
Внесете ја вашата е-пошта во полето за регистрација и кликнете Регистрирај се.
Проверете ја вашата е-пошта
Системот автоматски ќе испрати е-пошта за потврда на адресата што ја внесовте. Отворете го и кликнете на линкот за потврда.
Поставете лозинка
По кликнувањето на линкот, ќе бидете пренасочени на страница каде можете да ја креирате лозинката.
Совет: Лозинката мора да биде долга најмалку 12 карактери. За да биде посигурна, користете големи и мали букви и бројки.
Кликнете Зачувај
Откако ќе ја поставите лозинката, кликнете Зачувај. Вашиот профил е подготвен за употреба!
Чекор 2
Автоматски сте најавени
Чекор 3
Направете нарачка
Пронајдете го производот
Прелистувајте по категории преку горното мени или користете го полето за пребарување за да најдете производ по име или модел.
Додајте во кошница
Отворете ја страницата на производот, прегледајте ги деталите и кликнете Додај во кошничка. Можете да продолжите со купување или да одите директно на наплата.
Одете на наплата
Кликнете на иконата на кошницата горе десно, прегледајте ги производите и кликнете Продолжи кон наплата.
Внесете ги податоците за достава
Внесете целосно име, адреса, град и телефонски број. Проверете се пред да продолжите.
Изберете начин на плаќање и потврдете
Изберете начин на плаќање и кликнете Нарачај. Потврда ќе биде испратена на вашиот е-маил.
Бесплатна достава за нарачки над 3000 денари. Доставата трае 1–3 работни дена низ цела Македонија.
Чекор 4
Следете ја нарачката
Користете ја страницата за следење
Одете на Следи нарачка во горното мени, или посетете alarmplus.mk/track-your-order/
Внесете број на нарачка и е-пошта
Бројот на нарачката го наоѓате во е-маилот за потврда кој го добивте по нарачувањето.
Или проверете преку Мој профил
Ако сте најавени, одете на Мој профил → Нарачки за да ги видите сите нарачки и нивниот статус.
Бонус
Зачувајте во листата на желби
Зачувајте производи за подоцна
Кликнете на иконата срце на кој било производ за да го зачувате. Треба да бидете најавени за оваа функција.
Прегледајте ги зачуваните производи
Посетете alarmplus.mk/wishlist/ за да ги видите сите зачувани производи и да ги додадете во кошничката кога ќе бидете подготвени.
Поддршка
Потребна ви е помош?
Посетете не
Пронајдете не преку Локаторот за продавницата во горното мени.
Јавете ни се
Контактирајте не преку страницата Контакт или нашата Facebook страница.
Сервис и монтажа
Достапна е монтажа во рок од 3 дена по купување за безбедносни системи.